На врнежливо време, по повеќе од еден месец повторно се играше вечерен натпревар на домашниот стадион на “лавовите” во Резерво. Со гласна подршка од публиката Престон Македонија забележа уште една победа. За првиот гол не се чекаше долго и по убаво додавање на топката од корнер, од левата страна на шеснаесетникот, со прецизен шут Џејсон Ромеро ја затресе ефектно мрежата во горниот десен агол за 1:0. Ова беше неговиот четврти гол оваа сезона.
Гостите возвратија со исто така убав гол надвор од казнениот простор, а стрелец во 15 минута беше Мајкл Гргиќ за 1:1. За конечниот резултат и победа се чекаше 33 минута кога Џонас Марковски имаш продор и мудро ја додаде дијагонално топката до Џиан Албано кој имаше лесна задача од непосредна близина да ја затресе мрежата за 2:1.
До крајот на средбата минималната предност беше зачувана и остварена е петтата победа.
Во петок, на 2 мај, Престон Македонија ја пречекува екипата на Грин Гали со почеток во 20:30 часот.
ТАБЕЛА
Авондаел 27
Хајделберг 25
Окли 25
Данденонг Тандер 22
Престон Македонија 18
Хјум Сити 17
Грин Гали 15
Данденонг Сити 13
Мелбурн Виктори 12
Сент Албанс 10
Саут Мелбурн 9
Мелбурн Најтс 9
Алтона Маџик Вардар 7
Порт Мелбурн Шаркс 6