Натпреварот со второпласираниот тим на табелата изгледаше како тежок испит за Алтона Маџик Вардар и беше забележан пораз пред домашната публика.
Гостите уште на почеток на средбата дојдоа до водство кога во 5 минута Џо Гест ја затресе мрежата за 0:1.
Во второто полувреме се играше 78 минута кога Алекс Салмон зголеми на 0:2 за Окли. Единствениот гол за црвено црните беше постигнат пред крајот во 95 минута преку Џорџ Цицинарис за конечните 1:2. После овој пораз само еден бод ја дели Алтона Маџик од последното место на кое се наоѓаат Шаркс што се и следниот противник.
Во петок, на 2 мај, Алтона Маџик игра во гости кај Порт Мелбурн Шаркс со почеток во 20:15 часот.