Значајна победа за Алтона Маџик Вардар и освојување на три скапоцени бодови со кои малку се одвои од дното на табелата. Од самиот почеток добро започна средбата и во шестата минута Даниел Фабризио ја затресе мрежата за 1:0. Пред крај на првиот дел во 41 минута Ентони Франџи зголеми на 2:0.
Во второто полувреме Кристос Теодоракопулос во 63 минута зголеми на 3:0. Додека за конечниот резултат се погрижи во 66 минута Билал Хабиб за убедливи 4:0.
После натпреварот фудбалерите заслужено бучно ја прославија победата во клубските простории.
Во сабота, на 17 мај, Алтона Маџик Вардар ја пречекува екипата на Мелбурн Виктори со почеток во 18:15 часот.