Национална премиер лига на Викторија, 3 коло, Лавовите славеа на македонското дерби

Престон Македонија – Алтона Маџик Вардар 1:0

Минатиот петок, во третото коло на НПЛ Викторија се играше македонското дерби помеѓу екипите на Престон Македонија и Алтона Маџик Вардар. Средбата се одигра во прекрасна атмосфера пред голем број гледачи, а победија “лавовите“ од Престон Македонија со 1:0. Почетокот на средбата му припадна на Алтона Маџик Вардар но гостите не успеаја да ги искористат шансите. Стрелец на единствениот гол на средбата беше Лејтон Брукс во 41 минута. Тој со прекрасно изведување на слободниот удар, од околу 22 метри далечина, во стилот на Бекам ја затресе мрежата. Ова беше третиот гол на Брукс од исто толку одиграни натпревари, тој практично на секој натпревар кога е најпотребно ја решава средбата.

Во второто полувреме, по еден крајно невнимателен и неспортски потег Џорџио Серденис во 58 минута доби заслужен црвен картон. Немаше никаква потреба толку високо да оди со ногата Џорџио, за да го удри во главата Џон Стојчевски. По овој момент екипата на Престон остана со играч помалку и мораше да го брани своето водство.

 Во петок, на 28 февруари, Престон Македонија гостува кај Хајделберг Јунајтед со почеток во 19:30 часот. Следниот ден в сабота, на 1 март, Алтона Маџик Вардар ја пречекува екипата на Данденонг Тандер со почеток во 18:15 часот.

ТАБЕЛА
Авондаел 9
Престон Македонија 7
Саут Мелбурн 6
Хајделберг 6
Окли 4
Данденонг Тандер 4
Хјум Сити 4
Алтона Маџик 4
Данденонг Сити 3
Мелбурн Најтс 3
Грин Гали 2
Сент Албанс 1
Мелбурн Виктори 1
Порт Мелбурн Шаркс 0

Останати вести