Национална премиер лига на Викторија, 19 коло, Данденонг Сити – Алтона Маџик Вардар 2:1

Фудбалерите на Алтона Маџик Вардар сигурно не се задоволни од конечниот резултат на овој меч, беа пропуштени многу шанси и не беше искористен ниту пеналот. Домаќинот дојде до водство преку двата гола на Тимоти Атерниос во 9` и 34 минута. Пред крај на првиот дел “црвено црните” успеаја да намалат со голот на Саад Мукачар во 45 минута на 2:1.

На почеток на второто полувреме беше досуден и пенал за Алтона Маџи Вардар, во 48 минута, но Билал Хабиб не беше успешен и резултатот остана непроменет.

Во завршницата Данденонг остана со играч помалку кога Џејк Нобл доби црвен картон, но останаа само уште неколку минути до крајот и тоа не беше казнето.

Во петок, на 27 јуни, Алтона Маџик Вардар гостува кај Грин Гали со почеток во 19:30 часот.

Останати вести