Национална премиер лига на Викторија, 4 коло, Алтона Маџик Вардар – Данденонг Тандер 0:1

Втор пораз во низа за црвено црните оваа сезона со што екипата е на средина од табелата со четири бода од исто толку одиграни натпревари. На оваа средба Алтона Маџик Вардар во 40 минута остана со играч помалку кога Александар Густ доби црвен картон и го остави тимот до крај на средбата во подредена позиција. Тоа беше и пресудно за резултатот на овој натпревар.

Во второто полувреме Данденонг дојде до единствениот гол во 55 минута преку Вејд Декер за 0:1.

Во петок, на 7 март, Алтона Маџик Вардар гостува кај Хјум Сити со почеток во 20:30 часот.

Останати вести