Национална премиер лига на Викторија, 4 коло, Хајделберг Јунајтед – Престон Македонија 1:1

Секогаш е високо наелектризирана атмосферата кога се игра со стариот ривал и мотивацијата да се победи е посебно изразена со овој тим на грчката заедница. Првото полувреме во кое имаше неколку шанси заврши без голови.

Во вториот дел Хајделберг, во 57 минута преку Мохамед Аидара дојде до водство од 1:0. Играта доби во интензитет во која домаќинот сакаше да ја осигура победата со уште еден гол, а Престон Македонија се обидуваше да изедначи. Решавачки беше моментот во 81 минута кога Лук Џего ја затресе мрежата на домаќинот постигнувајки го израмнувачкиот гол за 1:1. До крај на средбата и двата тима не успеаја да го постигнат решавачкиот гол со што мораа да се задоволат со поделба на бодовите.

Во петок, на 7 март, Престон Македонија ја пречекува екипата на Саут Мелбурн со почеток во 20 часот.

ТАБЕЛА
Авондаел 12
Престон Македонија 8
Окли 7
Саут Мелбурн 7
Хјум Сити 7
Данденонг Тандер 7
Хајделберг 7
Алтона Маџик 4
Данденонг Сити 3
Порт Мелбурн Шаркс 3
Мелбурн Најтс 3
Грин Гали 2
Мелбурн Виктори 2
Сент Албанс 1

Останати вести