Национална премиер лига на Викторија, 5 коло, Хјум Сити –Алтона Маџик Вардар 2:0

После солидниот почеток во првите две кола, кога се освоија сите четири бодови, забележан е трет пораз по ред за црвено-црните. Хјум Сити секогаш е незгоден противник и овојпат тоа се докажа. Во 35 минута Џоел Расел прв постигна гол за водство на домаќинот од 1:0. 

Во второто полувреме Биркан Кирдар во 58 минута од пенал го постави конечниот резултат од 2:0. Сега треба да се насочи енергијата кон следниот противник во надеж дека ќе се освојат трите бода.

Алтона Маџик играше со следниот состав: Роси, Кавагучи, Стојчевски, Оломовеве, Елхавли, Мукачар, Камара, Теодоракопулос, О`киф, Фабризио и Хабиб.

Во сабота, на 15 март, Алтона Маџик Вардар ја пречекува екипата на Данденонг Сити со почеток во 18:15 часот.

Останати вести