Лидерот беше супериорен на оваа средба од почеток до крај, но и фудбалерите на Престон покажаа цврст карактер и не се предаваа. За првиот гол се чекаше до 41 минута кога Стефан Валентини ја затресе мрежата на Лукас Тренковски за водство на Авондаел од 1:0.
Во второто полувреме во 49 минута Конор Бел најдобро се снајде во мешаницата пред голот на домаќинот за 1:1. Пет минути подоцна Авондаел повторно дојде до водство кога Мањулук Агуек ја затресе мрежата за 2:1. Следеа добри шанси на двете страни се до 80 минута кога Брендон Лајтон доби црвен картон со што Престон Македонија остана со десет играчи на теренот. Во последните мигови од средбата Агуек повторно се запиша како стрелец за конечните 3:1.
Во петок, на 21 март, Престон Македонија ја пречекува екипата на Окли со почеток во 20:30 часот.
ТАБЕЛА
Авондаел 18
Данденонг Тандер 13
Престон Македонија 11
Окли 10
Хајделберг 10
Хјум Сити 10
Данденонг Сити 7
Сент Албанс 7
Саут Мелбурн 7
Мелбурн Најтс 6
Алтона Маџик Вардар 5
Мелбурн Виктори 5
Грин Гали 5
Порт Мелбурн Шаркс 3