Пред почеток на средбата во Резерво со едноминутно молчење им беше оддадена почит на настраданите од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
На пријатното есенско време силен беше почетокот на Престон Македонија и веднаш беа создадени неколку убави шанси пред голот на гостите, но за жал останаа неискористени. Во 16 минута во неговиот трет обид пред голот Џејсон Ромеро беше успешен и ја затресе мрежата за 1:0. После тоа полека им се дозволи на фудбалерите на Окли да ја преземат играта и тоа беше казнето во 32 минута од Џое Гест кој израмни на 1:1.
Во второто полувреме повторно фуриозен почеток и во 49 минута Конор Бел донесе ново водство за “лавовите” од 2:1. Повторно фудбалерите се опуштија и им оставија премногу простор на гостите и во 67 минута после досудениот пенал Гест повторно се запиша како стрелец за 2:2.
Кога се очекуваше дека ќе заврши средбата со нерешен резултат во судиското продолжение се играше 95 минута и Џордон Хал ја реши средбата за победа на Окли од 2:3. После овој пораз Престон падна на петтото место на табелата, а Окли се искачи на третото место.
Во петок, на 28 март, Престон Македонија гостува кај Порт Мелбурн Шаркс со почеток во 20:15.
ТАБЕЛА
Авондаел 18
Данденонг Тандер 16
Окли 13
Хајделберг 13
Престон Македонија 11
Хјум Сити 11
Мелбурн Виктори 8
Саут Мелбурн 8
Данденонг Сити 7
Сент Албанс 7
Алтона Маџик Вардар 6
Грин Гали 6
Мелбурн Најтс 6
Порт Мелбурн Шаркс 3