Национална премиер лига на Викторија, 8 коло, Порт Мелбурн Шаркс – Престон Македонија 3:2

Загрижувачки пораз на Престон Македонија која забележува три порази во низа. Она што најмногу боли е што овојпат поразот е од екипа која е последна на табелата, а и начинот на кој во последните моменти се загуби средбата.

Во првото полувреме се играше без голови, а “лавовите” имаа повеќе шанси што останаа нереализирани.

Во вториот дел се играше 57 минута и една грешка на домаќинот во одбраната одлично ја казни Џејсон Ромеро, кој одзема една топка и со брз спринт се најде во позиција од каде ја затресе мрежата за 0:1. Следеше еден прекрасен гол на Шаркс во 61 минута, а стрелец беше Нејтан Диб за 1:1. Пет минути подоцна Деларно Фаро изненади кога ги доведе домаќините до водство од 2:1. Следеше силен притисок на Престон и во 74 минута Џонас Марковски го изедначи резултатот.

Во тие моменти имаше голема судиска грешка со која е оштетена Престон Македонија, кога не беше досуден пенал за очигледна игра со рака во шеснаесетникот на Шаркс. Се редеа шанси пред голот и неколку добри интервенции на голманот на домаќиниот. Кога сите мислеа дека ќе се поделат бодовите длабоко во судиското продолжение една почетничка грешка на одбраната во 98 минута беше казнета од Томас Драгос за 3:2.

Во петок, на 4 април, Престон Македонија ќе гостува кај Мелбурн Најтс со почеток во 19:30 часот.

ТАБЕЛА
Авондаел 21
Окли 16
Хајделберг 16
Данденонг Тандер 16
Престон Македонија 11
Хјум Сити 11
Сент Албанс 10
Грин Гали 9
Саут Мелбурн 8
Мелбурн Виктори 8
Данденонг Сити 7
Алтона Маџик Вардар 6
Мелбурн Најтс 6
Порт Мелбурн Шаркс 6

Останати вести