Одамна немаа играно во иста лига Престон Македонија со хрватскиот клуб Мелбурн Најтс, и по 19 години нашите “лавови” забележаа победа над поранешниот лут противник во Саншајн. Со ова е скршен и малерот за екипата бидејќи во претходните три средби беа забележувани само порази.
Единствениот гол беше постигнат во 40 минута по една долго нафрлена топка во шеснаесетникот на која највисоко скокна Маркус Шкрон и со глава ја смести во ,мрежата за 0:1. До крајот на средбата Најтс се обидуваа да изедначат но во тоа за среќа не успеаја.
Во понеделник, на 14 април, Престон Македонија гостува кај Мелбурн Виктори со почеток во 20 часот.
ТАБЕЛА
Авондаел 24
Окли 19
Хајделберг 19
Данденонг Тандер 19
Престон Македонија 14
Хјум Сити 11
Данденонг Сити 10
Сент Албанс 10
Саут Мелбурн 9
Мелбурн Најтс 9
Грин Гали 9
Мелбурн Виктори 8
Алтона Маџик Вардар 7
Порт Мелбурн Шаркс 6