Национална премиер лига на Викторија,17 коло, Данденонг Тандер -Aлтона Маџик Вардар 6:0

Тежок пораз за “црвено црните“ на гостувањето во Данденонг. Од самиот почеток домаќинот диктираше темпо на играта и во 11` Хасан Џало ја затресе мрежата за 1:0. Истиот играч повторно се запиша како стрелец во 18 минута за 2:0. Едвај поминаа две минути а Џеј Романовски зголеми на 3:0.

На почеток на второто полувреме Даниел Кларк веднаш постигна гол за 4:0. Следеше во 59 минута голот на Мерсом Мемети за 5:0. Додека конечниот резултат го постави Муамет Селимовски за високи 6:0.

Во сабота, на 14 јуни, Алтона Маџик Вардар ја пречекува екипата на Хјум Сити со почеток во 15:15 часот.

Останати вести