Сигурна победа против подмладокот на Перт Глори која започна со гол во 2 минута од Калум Мекензи за 0:1. Домаќинот успеа да изедначи во 15 минута на 1:1. Пред крај на првиот дел Мекензи повторно се запиша како стрелец за ново водство на Стирлинг Македонија од 1:2.
Во второто полувреме преку пенал Хјуго Сноуден во 76 минута го постави конечниот резултат за 1:3.
Во петок, на 27 јуни, Стирлинг Македонија гостува кај Перт со почеток во 21 часот.
ТАБЕЛА
Бејсвотер Сити 35
Олимпик Кингсвеј 29
Перт Глори 25
Перт Ред Стар 23
Перт 20
Армадел 19
Вестерн Најтс 16
Стирлинг Македонија 15
Соренто 12
Балката 9
Фриментл Сити 8
Флореат Атена 4