Национална премиер лига на ЗА, Финале: Олимпик Кингсвеј –Стирлинг Македонија 3:2 (1:1)

Минатава сабота во Перт се играше големото финале на Националната премиер лига на ЗА, во кое Стирлинг Македонија се сретна со Олимпик Кингсвеј. Регуларниот дел од средбата заврши со нерешен резултат 1:1. Головите ги постигнаа Александар Таневски од пенал во 76 минута за Стирлинг и Калум О`Конел во 94 минута за Кингсвеј.

Во продолжението Стирлинг Македонија повторно дојде до водство во 100 минута преку Киаран Бурнс. Но, во завршницата Олимпик Кингсвеј беше подобар и славеше победа со головите на Џошуа Самсон во 115 минута и Џое Нолс во 120 минута за конечните 3:2.

Останати вести