Национална премиер лига на ЗА, 6 коло, Соренто –Стирлинг Македонија 3:1

Средбата почна на најдобар можен начин за Стирлинг Македонија кога во 1 минута Џошуа Билалоски донесе водство од 0:1. За жал потоа работата тргна надолу и во 32 минута Карл Чамберс изедначи на 1:1.

Во второто полувреме, во 53 минута Дин Камингс донесе водство за домаќинот од 2:1. За конечниот резултат се погрижи Џои О`Браен во 83 минута и победа на Соренто од 3:1.

Во сабота, на 10 мај, Стиглинг Македонија ја пречекува екипата на Флореат Атена со почеток во 19 часот.

Табела
Бејсвотер Сити 18
Перт Глори 16
Олимпик Кингсвеј 15
Перт 14
Армадел 8
Соренто 5
Стирлинг Македонија 5
Фриментл Сити 5
Перт Ред Стар 5
Вестерн Најтс 4
Балката 3
Флореат Атена 2

Останати вести