Рокдаел Илинден влегува во сензационална форма во последно време, победувајќи на последните четири натпревари – минатата седмица беше забележан триумф од 3:1 над Маринерс. Оваа висока победа беше сосема заслужена. За првиот гол се чекаше до 29 минута, а стрелец беше „златната копачка“ на тимот, популарниот “пекар” Алек Урошевски.
Во второто полувреме во 46 минута Муди Наџар зголеми на 2:0. Следеше во 63 минута Брендан Чолакијан за 3:0. За конечниот резултат се погрижи Брае Овенс во судиското продолжение, тој во 93 минута ја затресе мрежата за високи 4:0.
„Комитите“ се на второто место на табелата со ист број на бодови како и Блектаун Сити но со подобра гол разлика.
Во петок, на 9 мај, Рокдаел Илинден гостува кај Манли Јунајтед со почеток во 19:30 часот.