На вечерната средба што се одигра минатиов петок, Менли Јунајтед и Рокдаел Илинден, одиграа напнат натпревар што заврши нерешено 1:1.
На дождливото време Рокдаел Илинден започна силно, кога младиот напаѓач Џордан Граороски го отвори резултатот после само две минути игра. Исак Данзо убаво го пронајде со прецизно додадена топка во шеснаесетникот, каде Граороски лесно ги совлада Арон О’Дрискол, а потоа и Леви Кеј и го пронајде долниот агол за елегантен почетен погодок и неговиот прв сениорски гол оваа сезона. Комитите после тоа во 30 минута останаа со играч помалку кога Али Угла доби црвен картон.
Во второто полувреме домаќинот со играч повеќе ја имаше иницијативата и во 54 минута преку Фара Коко изедначи на 1:1. „Комитите“ покажаа карактер и до крајот со играч помалку го издржаа притисокот освојувајки бод и останаа непоразени од оваа средба.
Во недела, на 18 мај, Рокдаел Илинден ја пречекува екипата на Сиднеј со почеток во 15 часот.
TАБЕЛА
Маркони Сталионс 33
Рокдаел Илинден 28
НЈВ Спирит 28
Блектаун Сити 27
АПИА Леикард 24
Волонгонг Вулвс 20
Манли Јунајтед 19
Сент Џорџ Сити 18
Сиднеј 18
Сиднеј Јунајтед 18
Сиднеј Олимпик 16
Сент Џорџ Саинтс 15
Сатерланд 12
Маунт Друит Таун 9
В.С. Вондерерс 8
Централ Кост М 5