Национална премиер лига на НЈВ, 15 коло, Рокдаел Илинден – Сиднеј 2:1

Aпсолутен херој на средбата за “комитите” беше ветеранот Блек Ричуто кој  се запиша двапати како стрелец. Тој прво во 18 минута го отвори резултатот постигнувајќи го првиот гол за 1:0. Малку подоцна во 29 минута вторпат ја тресеше мрежата на Сиднеј за 2:0.

Во второто полувреме Томас Хедлеј, пред крај на средбата, во 83 минута само успеа да го ублажи поразот постигнувајќи почесен гол за 2:1.

Во сабота, на 24 мај, Рокдаел Илинден гостува кај Сент Џорџ Сити со почеток во 19:15.

TАБЕЛА
Маркони Сталионс 36
Рокдаел Илинден 31
НЈВ Спирит 31
Блектаун Сити 30
АПИА Леикард 27
Сиднеј Јунајтед 21
Манли Јунајтед 20
Волонгонг Вулвс 20
Сент Џорџ Сити 18
Сиднеј 18
Сиднеј Олимпик 16
Сент Џорџ Саинтс 15
Сатерланд 12
В.С. Вондерерс 9
Маунт Друит Таун 9
Централ Кост М 6

Останати вести