Значајна победа на гостувањето кај Маркони кој и покрај овој пораз од “комитите” останува на чело на табелата. Стрелец на единствениот гол на средбата беше Брендан Чолакијан во 13 минута.
Во второто полувреме Рокдаел Илинден покажа голема издржливост бидејќи во 59 минута остана со играч помалку, кога Хантер Елиот го доби вториот жолт картон на средбата и автоматско исклучување. До крајот на натпреварот десетте играчи не дозволија никакво изненадување и заслужено ги укнижија трите бодови. Сега разликата помеѓу Рокдаел Илинден и Маркони е намалена на само два бода.
Во недела, на 15 јуни, Рокдаел Илинден ја пречекува екипата на Маунт Друит Таун со почеток во 15 часот.
TАБЕЛА
Маркони Сталионс 42
Рокдаел Илинден 40
НЈВ Спирит 37
АПИА Леикард 33
Блектаун Сити 33
Сиднеј Јунајтед 30
Сент Џорџ Саинтс 25
Сиднеј 24
Манли Јунајтед 23
Сиднеј Олимпик 23
Волонгонг Вулвс 21
Сент Џорџ Сити 19
Сатерланд 15
В.С. Вондерерс 13
Маунт Друит Таун 9
Централ Кост М 6