Национална премиер лига на НЈВ, 19 коло, Рокдаел Илинден -Маунт Друит Таун 4:0

Убедлива победа за “комитите”, кои рутинирано ја совладаа екипата на Маунт Друит Таун што е еден од кандидатите за испаѓање од лигата оваа сезона. Првиот гол беше постигнат во 20 минута, а стрелец беше Матју Керемелевски. Во завршницата следеа головите на Кристофер Мекстеј во 41 минута, и Муди Наџар во 44 минута за 3:0.

Во второто полувреме Мајкл Марчевски, во 74 минута, го постави конечниот резултат за 4:0. За жал четири минути подоцна мајката природа одигра своја улога и натпреварот беше прекинат на Спортскиот центар Илинден поради громови што почнаа да удираат во близина. Со оваа победа Рокдаел Илинден се изедначи со Маркони Сталионс кој играше нерешено, но “комитите” имаат подобра гол разлика.

Во сабота, на 21 јуни, Рокдаел Илинден гостува кај Волонгонг Вулвс со почеток во 19 часот.

Останати вести