Минатата недела на стадионот на Ламберт Парк, се случи буквално демолирање на Рокдаел Илинден. Домаќинот АПИА Лејкард оствари супериорна победа со неверојатни шест гола наспрема нула.
Стрелци на головите за АПИА Лејкард беа: Ромеро 19’, 45’, 54’, 75’, Армсон 30’ и Кута во 66 минута.
Рокдаел Илинден настапи во состав: Давид Брадашевиќ, Даниел Петковски, Никола Ујдур, Вилијам Муч (Брајден Сорџ 78’), Никола Кулески, Алек Урошевски, Брендан Чолакиан (Лохлан Констабл 56’), Питер Кекерис (Баи Антониу 45’), Матие Кордие, Лоик Пујо (Изак Данзо 45’) и Џејден Касела.
Во недела, на 19 февруари, Рокдаел Илинден на домашен терен ја пречекува екипата на Манли Јунајтед со почеток во 15 часот.