За “комитите” Маркони секогаш е незгоден противник и овојпат гостите изненадија и ги однесоа трите бода.
Во 17 минута Франко Маја го постигна првиот гол на средбата за водство на Маркони. Пред крај на првото полувреме Алек Урошевски преку пенал го израмни резултатот на 1:1.
Во второто полувреме Кајл Сименти во 79 минута го постави конечниот резултат од 1:2.
Во завршницата Рокдаел Илинден остана со играч помалку кога во 87 минута Хантер Елиот доби црвен картон.
Во сабота, на 1 март, Рокдаел Илинден гостува кај екипата на Маунт Друит Таун со почеток во 17 часот.
TАБЕЛА
НЈВ Спирит 9
Сатерланд 7
Маркони Сталионс 7
Волонгонг Вулвс 5
Сент Џорџ Сити 4
Манли Јунајтед 4
АПИА Леикард 4
Рокдаел Илинден 4
Сиднеј Олимпик 4
В.С. Вондерерс 4
Блектаун Сити 4
Маунт Друит Таун 4
Сиднеј 3
Сиднеј Јунајтед 2
Сент Џорџ Саинтс 0