Натпревар полн со пресврти и неизвесност во кој двете екипи останаа со фудбалер помалку. За домаќинот добро почна првото полувреме кога во 36 минута со автоголот на Блек Ричуто дојдоа до водство од 1:0. „Комитите“ успешно изедначија во 44 минута преку Муди Наџар за 1:1.
Во второто полувреме Маунт Друит Таун остана со играч помалку кога во 50 минута Џаред Мерцола заслужено доби црвен картон. Предноста со играч повеќе добро ја искористи Рокдаел Илинден и во 71 минута Алек Урошевски донесе водство од 1:2. Сепак домаќинот не се предаде и по досудениот пенал во 88 минута Џон Азар донесе изедначување од 2:2. Длабоко во судиското продолжение Изак Донзо во 93 минута го постигна голот за победа од 2:3. Во последните мигови од средбата Кристофер Мекстеј наивно заработи црвен картон, но тоа немаше никаков ефект врз конечниот исход од средбата.
Во сабота, на 8 март, Рокдаел Илинден ја пречекува екипата на Волонгонг Вулвс со почеток во 19 часот.
TАБЕЛА
НЈВ Спирит 12
Маркони Сталионс 8
Сиднеј Олимпик 7
Рокдаел Илинден 7
Блектаун Сити 7
Сатерланд 7
Волонгонг Вулвс 6
Манли Јунајтед 5
Сиднеј Јунајтед 5
АПИА Леикард 5
Сент Џорџ Сити 4
Маунт Друит Таун 4
В.С. Вондерерс 4
Сиднеј 4
Сент Џорџ Саинтс 1
Централ Кост М 1