Буквално во последните моменти од средбата беше изваден нерешен резултат од оваа средба. Гостите поведоа уште во 4-та минута кога поранешниот играч на Илинден, Алекс Маскиовски ја најде мрежата во нивниот прв напад што ги запрепасти “комитите”. Следеше притисок на Рокдаел Илинден и неколку шанси пред голот. Од друга страна и Волонгонг имаше свои моменти и малку фалеше да го зголеми водството.
Во завршницата Алек Урошевски кој е и најдобриот стрелец во Рокдаел беше спасител кога во 88 минута успеа да го совлада голманот Оливер Јеитс за 1:1. Следеше уште една одлична акција во која Матју Кдеремелевски за малку ќе го решеше натпреварот со победа. Но тоа не се случи и двете екипи мораа да се задоволат со нерешен резултат и поделба на бодовите.
Рокдаел Илинден: Ник Сорас, Џејмс Николовски, Џорџо Сперанза (Џејсон Чаковски 84’), Исак Данзо, Алек Урошевски, Муди Наџар (Брае Овенс 70’), Брендан Чолакијан, Матју Керемелевски 53’), Блејк Ричиуто и Али Оглах (Оливер Пуфлет 53’).
Во недела, на 16 март, Рокдаел Илинден гостува кај Сатерланд со почеток во 16 часот.
TАБЕЛА
НЈВ Спирит 15
Блектаун Сити 10
Маркони Сталионс 9
Манли Јунајтед 8
Сиднеј Олимпик 8
Рокдаел Илинден 8
Волонгонг Вулвс 7
АПИА Леикард 7
Сатерланд 7
Сиднеј Јунајтед 5
Сент Џорџ Сити 4
Сент Џорџ Саинтс 4
В.С. Вондерерс 4
Сиднеј 4
Маунт Друит Таун 4
Централ Кост М 4