Херојски подвиг на фудбалерите на Рокдаел Илинден кои во последните десет минути од средбата направија голем пресврт. Натпреварот добро почна за “комитите” и во 5 минута Алек Урошевски донесе водство од 0:1. Пред крај на првото полувреме Сатерланд изедначи преку Питер Грозос за 1:1.
Во второто полувреме само што започна а домаќинот во 47 минута преку Ричард Шоеки дојде до предност од 2:1. Кога изгледаше дека трите бода ќе ги однесе Сатерланд, на сцена се појави Брендон Чолакијан и во 83 минута изедначи на 2:2. Конечниот резултат беше поставен од најдобриот стрелец во тимот Урошевски, тој повторно се запиша на листата на стрелци во 92 минута за 2:3.
Во сабота, на 22 март, Рокдаел Илинден ја пречекува екипата на Блектаун Сити со почеток во 19 часот.
TАБЕЛА
НЈВ Спирит 16
Маркони Сталионс 12
Манли Јунајтед 11
Блектаун Сити 11
Рокдаел Илинден 11
Волонгонг Вулвс 10
Сиднеј Олимпик 9
АПИА Леикард 8
Сатерланд 7
Сиднеј Јунајтед 6
Сент Џорџ Сити 5
Маунт Друит Таун 5
Централ Кост М 5
Сент Џорџ Саинтс 4
Сиднеј 4
В.С. Вондерерс 4