Национална премиер лига на НЈВ, 7 коло, Рокдаел Илинден – Блектаун Сити 3:0

Минатогодишниот шампион испрати силна порака до останатите екипи во Националната Премиер лига  во Нов Јужен Велс, откако минатава сабота на спортскиот центар „Илинден“ убедливо го совлада Блектаун Сити.

На натпреварот не требаше долго да се чека за првиот гол а за тоа се погрижи капитенот на Илинден, Алек Урошевски уште во 3. минута, што ги воодушеви домашните навивачи за 1:0. Малку подоцна во 38 минута од пенал Урошевски беше стрелец и на вториот гол за 2:0. Додека за конечниот резултат пред крај на првиот дел во 43 минута заслужен беше Блејк Ричуто за високи 3:0.

Пред почетокот на средбата, во хуманитарен гест на солидарност, се одржа едноминутно молчење во спомен на 59-те животи трагично изгубени во Кочани од неодамнешниот пожар во ноќниот клуб и големот број повредени лица во Македонија. Членовите на младинските тимови на Рокдаел Илинден пуштија црни балони, по еден за секоја од несреќно починатите.

Управата соошти дека дел од приходот од средбата ќе биде пратен за ожалостените семејства плус имаше кутии за донации низ стадионот. За сите оние што сакаат да донираат, можат да ја контактираат управата на клубот, а до саботата беа донирани 30.000 долари.

Во недела, на 30 март, Рокдаел Илинден гостува кај АПИА Леикард со почеток во 15 часот.

TАБЕЛА
НЈВ Спирит 19
Рокдаел Илинден 14
Маркони Сталионс 12
АПИА Леикард 11
Манли Јунајтед 11
Блектаун Сити 11
Волонгонг Вулвс 10
Сиднеј Олимпик 9
Сент Џорџ Саинтс 8
Сент Џорџ Сити 7
Сатерланд 7
Сиднеј 7
Сиднеј Јунајтед 6
Маунт Друит Таун 5
Централ Кост М 5
В.С. Вондерерс 4

Останати вести