Национална премиер лига на НЈВ, 9 коло, Рокдаел Илинден –НЈВ Спирит 1:1

Нерешен резултат со лидерот на табелата не е лош исход од неделната средба на спортскиот центар „Илинден“. Во првото полувреме беа постигнати двата гола со што Рокдаел Илинден прв дојде до водство, по сигурно изведениот пенал од Алек Урошевски. Гостите успешно изедначија во последните моменти од првото полувреме, во една мешаница пред голот најдобро се снајде Ју Окубо за 1:1.

Во второто полувреме и двете екипи не успеаја да го постигнат решавачкиот гол и мораа да се задоволат со поделба на бодовите.

Во недела, на 13 април, Рокдаел Илинден гостува кај Сиднеј Јунајтед со почеток во 15 часот.

TАБЕЛА
НЈВ Спирит 21
Маркони Сталионс 21
Манли Јунајтед 15
Рокдаел Илинден 15
Блектаун Сити 15
АПИА Леикард 14
Сент Џорџ Саинтс 14
Сиднеј Јунајтед 12
Сатерланд 11
Волонгонг Вулвс 10
Сиднеј Олимпик 8
Маунт Друит Таун 8
Сент Џорџ Сити 7
Сиднеј 7
Централ Кост М 5
В.С. Вондерерс 5

Останати вести