Национална премиер лига на НЈВ,11 коло, Рокдаел Илинден – Сиднеј Вондерерс 8:1

Минатава сабота Рокдаел Илинден буквално го понижи подмладокот на  Вестерн Сиднеј Вондерерс со високи 8:1.

Првото полувреме беше преполно со акции во кое Али Аглах постигна хет-трик во 12 ефектни минути, тресејќи ја мрежата во 20’, 25’ и 32 минута. Нему му се придружи и Алекс Урошевски во 30 минута за предност на Рокдаел Илинден од четири гола. Гостите преку Ејден Симонс во последните моменти  од првото полувреме го постигнаа единствениот гол за 4:1.

Во вториот дел стана од лошо на полошо за Вондерерс кога во првите две минути од второто полувреме останаа со играч помалку. Гостите останаа со десет играчи по непромислената акција на Нејтан Бари кога го фаулираше Урошевски во шеснаесетникот за што доби црвен картон, а судијата веднаш досуди пенал.

Во 48 минута Урошевски прецизно ја изведе најстрогата казна и веќе резултатот беше 5:1. За шестиот гол не се чекаше долго и во 54. минута Брендан Чолакиан се запиша како стрелец. Следните два гола дојдоа во завршницата во 75` и 88 минута, а стрелец беше Брае Овенс за конечните 8:1.

Во недела, на 27 април, Рокдаел Илинден гостува кај Централ Кост Маринерс со почеток во 15 часот.

TАБЕЛА
Маркони Сталионс 27
Рокдаел Илинден 21
НЈВ Спирит 21
Блектаун Сити 21
АПИА Леикард 20
Сиднеј Олимпик 16
Манли Јунајтед 15
Сиднеј Јунајтед 15
Волонгонг Вулвс 14
Сент Џорџ Саинтс 14
Сиднеј 12
Сент Џорџ Сити 11
Сатерланд 11
Маунт Друит Таун 8
В.С. Вондерерс 8
Централ Кост М 5

Останати вести