На оваа средба гостите изненадија во првото полувреме кога во 30 минута со голот на Реган Ланди дојдоа до водство. Во второто полувреме Бродмедоу Маџик го засили темпото и се редеа головите на Вилијам Инграм во 50` и Џаред Бејкер во 70` и 74 минута за 3:1. Пред крај на натпреварот, во судиското продолжение се играше 93 минута кога Метју Хол го ублажи поразот за гостите со конечен резултат од 3:2.
Со оваа победа нашата Бродмедоу Маџик изби на првото место бидејќи има подобра гол разлика од Чарлстон Азури, со кој се со ист број на бодови.
Во сабота, на 22 март, Бродмедоу Маџик гостува кај Белмонт Сванси Јунајтед со почеток во 16:30 часот.
ТАБЕЛА
Бродмедоу Маџик 9
Чарлстон Азури 9
Еџворт Иглс 8
Вестон Воркерс 7
Њукастел Олимпик 7
Адамстаун Розбад 6
Кукс Хил Јунајтед 6
Белмонт Свнаси Јунајтед 5
Маитланд 4
Ламбтон Џафас 4
Валентин 2
Њу Ламбтон 0