Национална премиер лига на северен НЈВ, 7 коло, Бродмедоу Маџик – Адамстаун Розбадс 3:2

Уште една победа забележаа фудбалерите на Бродмедоу Маџик во интересната средба против Адамстаун. Стрелци на головите за “магичните” беа: Паломбини 4`, Креснар 9` и 61 минута за високи 3–0.

Гостите во второто полувреме само го ублажија поразот со головите на Гисмеро 77` и Фајковиќ во 84 минута за конечните 3:2.

Нашата Бродмедоу Маџик е заслужено на чело на табелата со 18 бодови.

Во петок, на 11 април, Бродмедоу Маџик ја пречекува екипата на Вестон Воркерс со почеток во 20 часот.

ТАБЕЛА
Бродмедоу Маџик 18
Еџворт Иглс 14
Вестон Воркерс 13
Чарлстон Азури 13
Њукастел Олимпик 11
Адамстаун Розбадс 9
Ламбтон Џафас 6
Кукс Хил Јунајтед 6
Белмонт Сванси Ју. 5
Валентин 5
Маитланд 4
Њу Ламбтон 0

Останати вести