Национална премиер лига 1 на НЈВ, 3 коло, Блектаун Спартанс – Сиднеј Македонија 1:1

На Сиднеј Македонија и избега победата над Блектаун Спартанс буквално во последните мигови од средбата. Нашиот тим дојде до водство рано на натпреварот, во втората минута со голот на Џејмс Мекензи. Топката ја испрати Томиќ во шеснаесетникот а Џејмс Мекензи со глава ја смести покрај голманот за 0:1. После тоа голманот на Спартанс, Мајкл Фигуеира, одигра клучна улога со неколку добри одбрани и не дозволи да се зголеми разликата. 

Во второто полувреме Сиднеј Македонија остана со играч помалку кога Даниел Бакрданикоски доби црвен картон. Домаќинот на крајот имаше огромна среќа со чудесниот гол на Вилијам Ди Мартино во 93 минута за конечните 1:1.

Во сабота, на 25 февруари, Сиднеј Македонија ја пречекува екипата на Ридалмер Лајонс со почеток во 19:30 часот.

Останати вести