Национална премиер лига 2 на Викторија, 1 коло, Престон Македонија – Паско Вале 1:2

Минатиов петок на стадионот на “лавовите“ во Резерво започна новата сезона за Престон Македонија. Од самиот почеток се играше брзо со доста грешки, но гостите први дојдоа до гол во 5 минута, а стрелец беше капитенот Т. Картер за 0:1. Оваа предност по многу труд успеа да ја анхулира Крис Бел во 42 минута за да се замине на одмор нерешено 1:1.

Во второто полувреме слична беше играта со многу грешки и брзоплети додавања. Конечниот резултат за победа на гостите го постави Н. Горгопулос во 69 минута и 1:2.

Стадионот заедно со придружните објекти и тревата изгледаат извонредно и се надеваме ќе биде најава за уште една успешна сезона за клубот што ја има најголемата подршка од македонската заедница во Викторија.

Во сабота, на 25 февруари, Престон Македонија гостува кај Вереби Сити со почеток во 15 часот.

Останати вести