На мундијалот во Катар: Македонци од Австралија го развеаја знамето со Сонцето од Кутлеш

Фудбалската репрезентација на Австралија минатата среда со пораз од Франција (4:1) го почна својот настап на 22. Светско првенство во фудбал што се игра во Катар.

Иако Австралија поведе на мечот со (0:1), актуелниот шампион на крилјата на Мбапе и Жиру успеа на крајот да стигне до убедлива победа.

Австралија имаше голема поддршка на трибините во Катар, а меѓу многуте навивачи за „сокерусите“ имаше и Македонци. Ви пренесуваме една фотографија од Катар на која се гледаат навивачите со дресови на “сокерусите“ и македонското знаме со Сонцето од Кутлеш.

Останати вести