На претстојните федерални избори нивниот глас ќе биде решавачки: Припадници на генерацијата Z и милениумците бројно надмоќни 

Милиони припадници на генерацијата Z (зумери) и милениумци ќе доминираат на гласачките места на претстојните сојузни избори, и првпат ќе бидат побројни од припадниците на Бејби Бумерите.

(Бејби Бумери се родени за време на Втората светска војна до 1960 година, на генерацијата X и припаѓаат оние родени од 1960 до 1980 година, на генерацијата Y (милениумци) и припаѓаат оние кои се родени од 1980 до 1995 години, на генерацијата Z и припаѓаат оние кои се родени од 1995 и 2010 година, генерација Алфа се родени до 2010 година, а на генерацијата Бета ќе и припаѓаат оние кои ќе ce родат меѓу 2025 и 2039 година).

 Зумерите и милениумците за првпат ќе ги надминат Бејби Бумерите на гласачките места на претстојните сојузни избори, објави Австралиската изборна комисија (АЕК) во својот најнов извештај.

Двете помлади социолошки групи сочинуваат над 7.7 милиони гласачи, додека припадници на генерацијата Бејби Бум се околу 5.8 милиони, покажуваат податоците на АЕК. Еван Екин-Смит, портпарол на АЕК, изјави речиси 700.000 млади Австралијци во 2025 година првпат ќе гласаат.

„За време на овие сојузни избори најверојатно ќе го имаме најкомплетниот изборен список откако е формирана федерацијата, од околу 18 милиони гласачи 98% се регистрирани во избирачкиот список“ – велат од АЕК. Се верува дека ова се првите сојузни избори на кои генерацијата Z и милениумците бројно ќе ги надминат Бејби Бумерите. Младите гласачи се насочени кон Зелените и Лабуристите, вели Џим Рид основач на компанијата Resolve Strategic.

„Партиите се повеќе го губат статусот, а со тоа стануваат помалку диференцирани за гласачите, особено младите, се помалку стануваат припадници на таборот, и се помалку лојални на партиите“ – рече Рид. Тој изјави дека исто така е забележлива поделбата на преферанцијата на гласачите според половите, 43% од жените имаат намера да гласаат за Коалицијата, во споредба со 42% од мажите.

„Ќе забележите ист ваков јаз и во групите на млади гласачи, а за тоа постојат голем број причини, кои можат да се најдат во политиката, но исто така и во тонот на комуникација во политиката“ – изјави тој.

Неодамнешна анкета која ја спроведе компанијата Resolve Strategic покажува водство на Коалицијата од 35.7 спрема Лабуристите со 32% во примарните гласови. Но во крајниот избор после поделбата на преференците од гласовите што се елиминираат во изборниот процес водат Лабуристите со 52%, додека опозиционата Коалицијата заостануваат со 48%, покажуваат резултатите од анкетата. „Лабуристите политички се наоѓаат речиси на средина, додека Зелените повеќе се лево ориентирани, а Коалицијата повеќе десно“ – вели Рид.

Одлуката за кого ќе гласате е ваша

Гласачките места ќе бидат отворени од 8 ч. наутро и ќе се затворат точно во 6 ч. попладне

Сојузните избори се одржуваат со цел гласачите да можат да изберат пратеници во Парламентот кои ќе ги застапуваат нивните ставови и интереси во Претставничкиот дом и во Сенатот.  Сите австралиски државјани на возраст од 18 години и постари мора да бидат запишани во гласачкиот список и да гласаат на сојузните избори. Ако на денот на изборите се наоѓате во друга држава или територија, ќе можете да гласате во назначен центар за гласачи од друга држава или да ги разгледате опциите за предвремено гласање. 

На денот на гласањето, можете да гласате на било кое гласачко место во вашата држава или територија. Гласачките места се отворени од 8 ч. наутро до 6 ч. попладне. Гласачките места обично се наоѓаат во локалните училишта, цркви, сали во заедницата и во јавни згради.  

Ако имате ограничена подвижност или попреченост, или се грижите за некој кој ги има, можете да ги проверите деталите за пристапност до гласачките места на aec.gov.au/where На гласачите кои се слепи или имаат слаб вид им стојат на располагање опции за гласање кои можат да им помогнат. Посетете ја веб-страницата aec.gov.au/assistance или јавете се на 13 23 26

Ако на денот на изборите не можете да гласате на гласачко место, можеби ќе исполнувате услови да гласате предвреме, лично или по пошта. Ако ги исполнувате условите, можете да гласате пред денот на изборите. Центрите за предвремено гласање ce отворени од вторник, 22 април 2025. Датумите и времето кога тие се отворени се различни, затоа посетете ја веб-страницата aec.gov.au/where за да ги проверите деталите за секој центар.

За повеќе информации за предвремено гласање и дали ги исполнувате условите за тоа, посетете ја веб-страницата aec.gov.au/early или јавете се на 13 23 26. Aвстралиската Изборна Комисија мора да ги прими барањата најдоцна до 6 ч. попладне во среда, 30 април 2025.

Можете да проверите во која изборна единица живеете на aec.gov.au/electorate. Името или границите на вашата изборна единица можеби се промениле од последните сојузни избори како резултат на прераспределба. Тоа може да значи дека треба да гласате во друга изборна единица или дека вашето вообичаено гласачко место можеби се наоѓа во друга изборна единица.

Одлуката за тоа како ќе гласате е целосно ваша. Надвор пред гласачкото место, претставници на кандидатите може да понудат картички „како да гласате“ (‘how to vote’ cards), предлагајќи ви да гласате на одреден начин. Не сте обврзани да ги земете или да ги следите упатствата на картичките „како да гласате“.

Останати вести