Невин младич спектакуларно уапсен и десет часа распитуван за бомбите во училиштата

Скопската полиција спектакуларно го уапси и потоа десет часа го распитуваше 23-годишниот Никола Наумовски во врска со над дваесетина лажни дојави за бомбите во средните училиштата во Скопје. Го уапсиле на работа а од МВР потврдија дека направиле и претрес во неговиот дом.

На крајот експертите од МВР признаа дека напавиле голема грешка и дека момчето не ма врска со лажните терористички дојави за наводни бомби по средните училишта во Скопје кои ја прекуваат наставата повеќе од една недела. Го уапсиле бидејќи на една од електронските пошти со закана за бомба стоело неговото име. Па полицајците помислиле дека “самиот се открил“ и побрзале да го “спакуваат“ случајот.

Уапсениот имал фирма за е-трговија и продажба преку интернет. Претходно пишувал  коментари, извештаи и конзервативни колумни во повеќе портали. Николовски ги уредува и профилите “Боемот” на Твитер и Инстаграм. Активно вклучен во борбата против дезинформациите и fake news, со гордост ја претставувал Македонија на многу настани, натпревари и конференции, вклучително и во Европскиот парламент.

Приведениот Никола Наумовски е член и активист на платформата „Конзерватива.мк“ од каде жестоко реагираа:

„Неспособноста на МВР и властите резултираше со приведување на невини лица! Како во најцрните денови од комунизмот со над 10 службеници е приведен нашиот член Никола. Одговорно тврдиме и демантираме дека тој има каква било поврзаност со овие настани“, објави „Конзерватива.мк“. Тоа платформа и движење чии примарни заложби се демократија, слободен пазар, здрава животна средина, како и активисти чија примарна идеологија е конзерватизмот и класичниот либерализам како десно или центар-десни ориентации.

Заканите по скопските школи, според првичните информации, беа од ИП адреси во Швајцарија и Австрија, а првиот мејл од кој беа пратени заканите носеше име “новаерамк“. Иако странски ИП адреси за кои е користено “прикривање” со ВПН, истрагата се насочи на домашен терен бидејќи првичните сознанија говореле дека заканите се од Македонија.

Првата закана беше предминатата среда и оттогаш секој ден помеѓу 12 и 14 часот попладне се пуштаат закани преку службените електронски адреси на девет средни училишта.

Првата закана завршуваше со: “Сите ќе умрете”, а противтерористичките претраги покажаа дека сите досегашни закани се лажни но учениците во сите тие денови не посетуваа настава.

Останати вести