“Нема да пуштиме преку граница ниеден провокатор“

Полициски патроли од понеделникот го чуваат платото пред црквата “Св. Спас“ во Скопје. Министрите за внатрешни работи на Македонија и Бугарија, Оливер Спасовски и Иван Демерџиев, имаа средба во Скопје по која ја уверуваат јавноста дека нема да дозволат инциденти.

– Разговаравме за чествувањето на родененот на Гоце Делчвев, на неколу дена сме пред наставнот, кој ќе биде во услови на малку зголемени тензии и различни најави за наручшување на јавниот ред и мир. Сакаме да упатиме јасна порака дека нема да биде дозволен никаков инцидент. Македонската полоција ги презема сите неопходни мерки и активности и апсолутно не смее да се дозволи инцинент, односно, ќе се обезбеди чествување какво што доликува на нашиот великан Гоце Делчев, рече министерот Спасовски.

Тој упати порака до “Патриотскиот институт“ на ВМРО-ДПМНЕ да не ја реализираат намерата за поставување “хројска стража“ околу Гоцевиот гроб, зашто нема да им биде дозволено „да бидат над државата“.

– Често имаме прилика да слушаме од разни патриотски здруженија, патриотски институти и политичари дека тие можат тоа да го направат. Значи, немојте како граѓани да подлегнувате на повик на кои било политички субјекти и да превземате надлежност на институциите. Ова е порака до сите коишто сакаат да учествуваат. Секој да остави да биде чествувањето достоинствено, а државните институции се тука за да се грижат за редот и безбедноста во државата. Никому во оваа држава нема да му биде дозволено да биде над државата, порача Спасовски.

Негов иот бугарски колега си зеде за задача да не дозволи провокатори од нивна страна да дојдат во Македонија.

– Добив уверување од колегата Спасовски дека ќе бидат преземени сите мерки за мирно и безбедно чествување. Јас го информирав дека ќе ги преземам сите мерки луѓето што ќе дојдат од Бугарија на тоа чествување дека нема да предизвикаат провокации или несакани настани. Постигнавме согласност дека сè ќе биде преземено за да не дозволиме на некои личности да ја распалат ситуацијата. Да се даде почит на една историска личност како Делчев без проблеми, рече бугарскиот министер Демерџиев.

Тој не прецизираше дали тоа значи дека бугарската страна ќе ги спречи најавените автобуси на ВМРО-БНД и на Фондацијата “Македонија“. Поточно дека нема да го пуштат Ангел Џамбазки да прави циркуси во Скопје зашто сигурно ќе настане инцидент. Прашањето ќе биде како би се вратил назад во Бугарија.

Двајцата министри разговарале и за последниот инцидент во Охрид при што бугарскиот министер Демерџиев побарал МВР целосно да го истражи случајот, бидејќи таквите настани ги нарушуваат односите меѓу двете земји.

– Mногу е важно да се знае дека говорот на омразата не е дел од тој пат. Државите во Европа споделуваат вредности и јас мислам дека во текот на нашиот разговор взаемно се убедивме со колегата Спасовски дека двете наши држави ги споделуваат тие европски вредности, кажа Демерџиев.

Во средата се уште официјално не се знаеше дали и колкава официјална делегација ќе допатува од Софија по повод роденденот на Гоце Делчев.

Останати вести