Не дозволија собир во Сиднеј

Полицијата во Сиднеј уапси 47 лица и издаде  261 казна, за да спречи било каков  собир или протестна активност. Повеќе од 1500 полицајци беа вклучени во операцијата во центарот на Сиднеј. Дента властите забранија такси превоз до 15 часот, и ги запираа сите возови во центарот на градот за да се ограничи движењето.

„Тука во Нов Јужен Велс се наоѓаме во многу сериозна ситуација. Сега не е време за себичност, време е да се мисли на пошироката заедница и на своите семејства“, исткана министерот за здравство Бред Хазард.

 Додека силните полициски сили го спречија собирот во Сиднеј, илјадници луѓе протестираа  во Бризбен.

Останати вести