Норвешкиот Нобелов комитет одлучи да ја додели Нобеловата награда за мир зa 2023 година на Наргес Мохамади за нејзината борба за правата на жените и за укинувањето на смртната казна во земјата. Опишувајќи ја Мохамади претседателката на норвешкиот Нобелов комитет, Берит Рајс-Андерсен, го соопшти нејзиното име заедно со зборовите „жена, живот, слобода“, што беше еден од слоганите на мирните протести против иранските власти.
Мохамади моментално отслужува казна од 10 години и 9 месеци во затворот „Евин“ во Техеран, под обвинение за дела против националната безбедност и пропаганда против државата. Неколку пати беше осудувана поради кампањата против смртната казна, а неколку пати беше и затворена во самица. Иранскиот режим ја апсеше 13 пати, ја осуди пет пати, со вкупно 31 година затвор и 154 удари со камшик, но оваа казна најверојатно до сега не е извршена. Нејзе и е забрането да ја напушта државата.
Мохамади е 19 жена која ја добива Нобеловата награда за мир.
Одборот за наградата го повика Иран да ja ослободи Мохамади.
02 Dec 2024