Австралиско македонскиот театар од Сиднеј за македонската заедница ја подготви најновата драмска продукција „Преполнета чаша“ од Душан Ристевски во режија на Лила Мицевска. Сценските изведби се најавени за 2 и 3 мај во Рокдаел, 4 мај во Бенкстеон и на 10-ти мај со две изведби во градот Волонгонг. Ова продукција се реализира неколку години после радио драмата „Локдаун“ што се промовираше во почетокот на 2022 година.
За да дознаеме повеќе за оваа продукција поведов разговор со драматургот Душан Ристевски. Која е причината за големата пауза и темата на оваа драма?
Најголемата причина за нашата стагнација беше пандемијата и локдаунот што го имавме за подолг период. Во почетокот јавните изведби беа забранети потоа следеа неподносливите рестрикции за јавни настапи. Бевме приморани да ги откажуваме пробите и настапите, а подоцна поради персонални причини некои актери не беа достапни и продукцијата се одложуваше. Сето тоа го надминавме и еве не со нова продукција тематско поврзана со пандемијата и локдаунот (карантинот). Тој невидлив затвор што ни беше пласиран од политичарите и медијата беше „изграден“ врз основа на страв. Тој страв длабоко се врежа во луѓето кои како некои програмирани машини следеа се што ќе им се сервираше од државните институции. А тој контролиран наратив спремен во Америка на истиот начин беше пренесен во Европа, Австралија и другите западни земји. Сега, после неколку години, се дознава дека сето тоа беше засновано на лаги со цел да се влее страв и да се контролира населението, а од друга страна за големите корпорации да прават профит. Сега се знае дека тој вирус не беше дојден и пренесен од диво животно туку беше направен од луѓе кои го мразат човештвото.
Сега сите знаеме и веруваме дека животот после ковидот не може да ни се врати на истата нормала како порано.
Точно. Ковидот е обвиснат над нашите глави како некоја сенка, како некоја наезда од која се плашиме повторно да не ни дојде и не докрајчи како луѓе. Тематски тоа драмата и го обработува. Од една страна е лошото а од друга е доброто. Од една страна е вербата во ѓаволот а од друга е вербата во нашиот Господ. Таа борба е во секој човек. Некои не се информирани и не се свесни и имаат тенденција да прифатат нешто што е спротивно од нивните верувања, иако е нелогично и имаат претчувства дека грешат но мислат дека не се одговорни бидејќи им е „наредено“ или се „присилени“ да земат некаков третман (лек). Ова им помогнува на политичкиот систем да создаде сегрегација на населението според возрасни групи на стари-млади, здрави и болни, послушни-непослушни, вакцинирани-невакцинирани. Со вакцината како уцена или како закон за контрола на популацијата се покажа успешна метода. Секако ова придонесе да се создаде внатрешен конфликт што кај некои луѓе создаде депресија и самоубиствени мисли, но и насилство и конфликт во семејството, со пријателите и роднините и конфликт во самото општество.
Исто така таа верба што ја имавме во здравствениот систем, во политичарите и институциите, ја изгубивме. Но вербата во себе, во семејството и во нашиот Бог од кој бараме сила и мудрост да ги издржиме притисоците, се зголеми. Во овој сценски приказ на крајот се опишува дека после лошото и злото, после болеста и смртта – доаѓаат убави моменти, се раѓа надеж и иднина.
Нешто за театарскиот тим, гледаме има нови имиња, покрај наградуваните глумци како Васко Србиновски, Гордана Милошевска и Самоил Митревски.
Другите од тимот, Рубин Нешкоски, Стефан Нешкоски како и јас лично, сме толкувале памали улоги во некои од драмите што ги има на сцена ставено овој Театар. За прв пат на сцена се јавува Марија Александрова која со голема љубов и енергија толкува една од главните улоги. Исто така пред македонската публика и во нашиот Театар за прв пат се јавува Лила Мицевска која не само што глуми, таа исто ја режира оваа драма. Лила има играно во повеќе драми и режирано кратки филмови и во нашиот театар доаѓа со едно големо искуство. Не прави среќни што се јавуваат Македонци од помладата генерација, како Лила и Стефан, да ја продолжат театарската уметност и традиција што се пренесувала од античкиот период.
Честито Душан за новиот театарски проект и се надевам дека како и со претходните драми, ќе направите сензација во Австралија.
Иван Трпоски