Новинарка во ABC сподели објавана Хјуман Рајтс Воч и доби отказ

 Само три дена откако почна да води утринска програма на австралиската телевизија Еј-Би-Си, новинарката со либанско потекло Антоанета Латуф беше отпуштена. Причината од медиумската куќа е тоа што Латуф на социјалните мрежи сподели објава на организацијата „Хјуман рајтс воч“ за војната во Газа.

Наредбата, како што и рекол претпоставениот, дошла „одозгора“.

Латуф, Австралијка со либанско потекло, тврди дека медиумската компанија за која работела подлегнала на надворешниот притисок и дека ја отпуштиле поради нејзиното политичко мислење и раса. Затоа и поднесува тужба.

Оваа 40-годишна жена во јавноста се истакна како активист кој се залага за борба против расизмот, дискриминацијата во медиумите и за ширење на свеста за менталното здравје. Дури и пред Еј-Би-Си да ја вработи, таа беше предмет на критики за објавите на социјалните мрежи во кои го осудува нападот врз палестинските цивили, обвинувајќи го Израел дека цели и убива новинари.

Инаку, Еј-Би-Си има строги правила за вработените на социјалните мрежи, кои забрануваат објави кои можат да го нарушат угледот на медиумската компанија.

Латуф беше нивен долгогодишен соработник и се согласила на ограничена употреба на социјалните мрежи. Сепак, таа тврди дека и било кажано дека споделувањето информации од „угледни“ извори, како што се групите за човекови права, е добро.

Останати вести