Како што се очекуваше Резервната банка во вторникот повторно објави покачување на каматните стапки за 0,25 процентни поени, зголемувајќи ја готовинската стапка од 2,6 на 2,85 отсто. Ова е седмо по ред покачување од мај и уште еден обид на централната банка да ја скроти инфлацијата без да ја скрши економијата. Последново зголемувањето за четврт процент ќе додаде уште 112 долари на месечната каматна отплата за хипотека од 750.000 долари.
Во текот на годинава до септември стапката на инфлација изнесува 7,3 отсто, што е највисока во изминативе 34 години. За жал понатамошно зголемување на инфлацијата се очекува и во текот на следните месеци, при што инфлацијата сега се прогнозира да достигне врв од околу 8 проценти до крај на оваа година. Пазарот на трудот останува многу тесен, при што многу фирми имаат сериозни потешкотии да најдат работници.
Посебно загрижувачки е што инфлација која ја гледаме во моментов е на страната на понудата, така што има врска со меѓународните движења на стоки… високите цени на нафтата, цените на бензинот, цените на вештачките ѓубрива, како дополнителна компликација се поплавите што влијаат на овошјето и цените на зеленчукот.
Прашање е како повисоките каматни стапки ќе влијаат на тоа во Австралија, бидејќи нема да влијае на светската цена на нафтата. Тоа, пак, е поврзано со војната во Украина и со светската економија која излезе од пандемијата.
Федералниот благајник Џим Чалмерс ги предупреди Австралијците да се подготват за влошување на инфлацијата и понатамошно зголемување на каматните стапки уште повисоко пред да се намалат притисоците врз трошоците за живот.
Портпаролот на опозициското Министерство за финансии во сенка, Ангус Тејлор, рече дека Австралијците „крварат“ и дека лабуристите не успеале да понудат план за намалување на притисокот врз каматните стапки во првиот буџет.
„На Австралијците им се кажува дека сметките за струја ќе се зголемуваат за повеќе од 50 отсто, нивните плаќања за хипотека ќе продолжат да растат, цената на намирниците ќе остане висока, инфлацијата ќе продолжи да расте“, рече г-дин Тејлор по одлуката за зголемување на каматите.