Нов Зеланд и Австралија ветија помош за Папуа Нова Гвинеја

Австралија и Нов Зеланд ветија помош за Папуа Нова Гвинеја по смртоносното лизгање на земјиштето.

Неколку села во провинцијата Енга во Папуа Нова Гвинеја беа погодени од лизгање на земјиштето откако дел од планина се урна во раните утрински часови во петокот.

Канцеларијата за управување со вонредни состојби на Папуа Нова Гвинеја соопшти дека можеби повеќе од две илјади луѓе се живи закопани.

Австралискиот вицепремиер, Ричард Марлс, рече дека Австралија ќе обезбеди првичен пакет од 2.5 милиони австралиски доларидодека заменик-премиерот на Нов Зеланд, Винстон Питерс, изјави дека неговата влада ќе обезбеди околу 1.5 милиони новозеландски долари за да и помогне на Папуа Нова Гвинеја да се справи со последиците од лизгањето на земјиштето.

Во Папуа Нова Гвинеја започна евакуацијата на околу 7. 900 луѓе поради страв од ново лизгање на земјиштето, соопштија властите.

Останати вести