Светското првенство во Катар започна со натпреварот меѓу домаќинот и Еквадор. Натпреварот беше специфичен по тоа што првпат едно СП во фудбал се одржува во зима, на сред клупска сезона и во земја од Блискиот Исток. И за првпат домаќинот загуби на првиот натпревар што го отвора СП.
Ова е 22. издание на Светското првенство, а првото се одржало во 1930 година во Уругвај.
Во Катар се натпреваруваат 32 репрезентации поделени во осум групи по четири, а на следното Светско првенство во Соединетите Американски Држави, Мексико и Канада ќе учествуваат 48 земји.
Во текот на 98 години се одиграа бројни натпревари и беа поставени различни рекорди.
Најчесто се зборува за рекордниот број на голови. Првото место го држи германскиот напаѓач Мирослав Клосе со 16 голови. Од активните играчи кои ќе играат во Катар, најблиску до него е сонародникот Томас Мулер со десет гола. Ова се другите рекорди.
Земја со најмногу настапи на Светското првенство: Бразил (21)
Играч со најмногу титули на Светското првенство: Пеле (1958, 1962 и 1970 година со Бразил)
Играч со најмногу настапи на Светското првенство: Лотар Матаус (25 за Германија)
Играч со најмногу голови на СП: Мирослав Клосе (16 за Германија)
Најстар играч кој настапил на Светското првенство: Есам Ел-Хадари за Египет во 2018 година (45 години и 161 ден)
Најстариот играч кој го освоил Светското првенство: Дино Sоф со Италија во 1982 година (40 години и 133 дена)
Најмладиот играч кој го освоил Светското првенство: Пеле со Бразил во 1958 година (17 години и 249 дена)
Најмладиот играч што се појавил на Светското првенство: Норман Вајтсајд за Северна Ирска во 1982 година (17 години и 41 ден)
Најмногу победи по пенали: Германија и Аргентина по четири натпревари
Најмногу порази по пенали: Англија, Италија и Шпанија по три натпревари
Најмногу елиминации во групната фаза на светските првенства: Шкотска со осум од осум мундијали и Јужна Кореја со осум од десет мундијали.
Најголема победа на Мундијалот: Унгарија против Ел Салвадор во 1982 година (10:1)
Најголемата победа во нокаут фазата на Светското првенство: Шведска против Куба во 1938 година (8:0)
Најмногу пласмани меѓу четирите најдобри репрезентации: Германија (13)