Веќе три децении трае постојаното намалување на бројот на часови по македонски јазик за учениците од заедниците. До воведувањето на деветолетката тие го изучуваа македонскиот три пати во неделата и тоа почнувајќи од првото одделение. Но, во 1996 година се “извади“ македонскиот јазик од прво одделение, потоа од второ па од трето и сега учениците од другите заедници почнуват со изучување на македонскиот јазик дури од четврто одделение (тоа се деца на 9 годишна возраст) со по два часа неделно!?
За споредба – англискиот јазик се учи по два часа неделно и тоа од прво одделение!? Вака излегува дека македонскиот е сведен на втор срански јазик за учениците од другите заедници!
Шокира дополнително тоа што од следната учебна година (согласно Концепцијата за основно образование од 2021) и во седмо одделение наместо трипати неделно, македонски јазик ќе се учи само двапати. Претходно (од оваа учебна 2024/25) беше намален фондот на часови по македонски за шесто одделение. Намалувањето практично значи дека наместо 108 часа годишно, учениците од другите задници ќе имаат по 72 часа.
Преведувачите од албански во Собрание преведуваат на неразбирлив македонски јазик
Професорката Симона Груевска-Маџоска од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ од Скопје, која е и претседателка на Советот за македонски јазик смета дека е предоцна уениците да почнуваат од четврто одделение со настава по македонски, односно дека тоа е предоцна за учење на државниот јазик.
– Тоа е нешто што требаше одамна да се измени, особено зашто и светските истражувања покажуваат дека учењето на втор јазик, пикот на возраста на кој најдобро се учи е 6-7 години. Со моменталната ситуација имаме случај на комплетно непознавање на државниот јазик и неможност за комуникација со македонскиот како кохезивно средство во Македонија за сите што живеат тука. Еве слушаме и како преведувачи од Собрание преведуваат на неразбирлив македонски јазик и тоа се коси со Уставот и Законот за употреба на македонскиот јазик, вели Груевска-Маџоска.