Очигледна беше играта со рака на Хосе Марија Хименез по која Португалија со пеналот на Бруно Фернандеш ја завери победата од 2:0 против Уругвај, за верификација на осминафиналето на „еврпските Бразилци“.
Ама според правилата на ФИФА – пеналот не требаше да биде досуден.
Имено Дејл Џонсон, уредникот на ЕСПН – еден од најпознатите и најмоќните светски медиуми – објави дека раката во положба долу, како на Хименез во ситуацијата според пишаните правила на Бордот на ИФАБ (телото на ФИФА одговорно за фудбалските правила) – не е пенал!
Џонсон објави фотографија од објаснувањето на ИФАБ, кога се смета играта со рака за пенал (неприродна положба), а кога не се смета за пенал (природна положба) при лизгачки старт.