Пендаровски: Мојата плата е 93,000 денари, бев фрапиран од сумите во “Паразити“

Претседателот на државата Стево Пендаровски за ТВ24 отворено кажа дека неговата плата е 93,000 денари (А$2,350) со 32 години стаж. Се осврна на високите плати во М-НАВ и други позиции (УО на Телеком, на МЕПСО, ЕСМ…) кои ги пополнуваат кадри на владејачките партии, по скандалот со аферата „Паразити“.

Се работи за партиски “вдомени“ лица кои не се експерти во областа – па да речеш дека треба да имаат плата конкуретна со светот инаку ќе заминат во странство – туку се поставени за раководители во име на државата.

Од ВМРО-ДПМНЕ ги изложија пред јавноста примерите со директорите во М-НАВ. Првиот е Фахрудин Хамиди, претседател на Управниот одбор и Извршен директор во М-НАВ, именуван од страна на владата, кој месечно зема 345.000 денари (А$8,600)на име плата. За една година тоа се 4.140.000 денари (А$103,500), а за мандат од 4 години 16.560.000 денари (А$414,000).

– Ако оваа сума се подели со 18.000 денари колку што е просечната плата, се добива 920, тоа е бројот на месеци, што е еднакво на 76 години, кои што се потребни за да се заработи таа сума на пари со минимална плата. Значи за еден мандат Хамиди од челното место на М-НАВ ќе замине со пари за кои што поголемиот број на граѓани ќе треба да работат 76 години, пресметаа од ВМРО-ДПМНЕ.

За тие пари може да се купат 8 амбулантни возила.

Вториот пример е извршен директор на М-НАВ, Владо Крстевски, кој зема 266.000 денари (А$6,650) месечно. За четири години Крстевски од државата ќе земе 12.768.000 денари на име плата (А$319,000).

За четири години од позицијата претседател на Одборот на директори на “Телеком“, струмичанецот Зоран Китанов (СДСМ) ќе инкасира А$450 илјади. Садула Дураку од ДУИ од позицијата заменик претседател ќе добие А$120 илјади, а Шкодране Дардишта (онаа што се закануваше дека ќе ги облечела пак чизмите од УЧК,исто е дел од партијата на Ахмети)ќе добие А$77 илјади.

Што работи брат Љубе за да има висока плата?

Меѓу посочените примери е и братот Љубе Бошковски кој зема А$1,500 месечно или А$77,000 за мандат од четири години, а никој не знае ни што работи ни што придонесува за тие пари (советник е на премиерот!?).

– Аферата „Паразити“ секој нов ден покажува нов аздислак на власта на СДС и ДУИ во време на криза. Ова се функционери од кои јавноста не видела никаков бенефит. Тие се паразитите во ова општество. Во најтешка економска криза земаат илјадници евра плата, а нивниот придонес за државата е нула. Додека од народот бараат да стега ремен, да се тушира со поладна вода, да готви во мали тенџериња, тие немаат абер да ги скратат баснословните хонорари и плати на функционерите кои ги именуваат, вели ВМРО-ДПМНЕ.

Колку наплатил Мицкоски како директор на ЕЛЕМ и советник на Груевски?

Со информации стари седум години, како одговор на аферата за финансиите заработени од функционери излезе и владејачката мнозинство. Ја објавија платата која лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ја заработувал како директор на ЕЛЕМ и советник во Владата. Од таму велат дека Мицкоски за своите услуги за повеќе години заработил вкупно 93 илјади евра.

– Како директор и претседател на Управниот одбор на некогашен АД ЕЛЕМ за само десет месеци, во периодот од септември 2016 до август 2017 година, од буџетот инкасирал над 1,9 милиони денари или над 31.000 евра. Неговата месечна нето плата во ЕЛЕМ изнесувала 98.000 денари нето, изјави Каевски од СДСМ.

Останати вести