Жерар Пике неодамна ги изненади сите со тоа што реши да стави крај на својата играчка кариера, а последниот натпревар во дресот на Барселона “го одигра“ минатиот викенд. Всушност искусниот дефанзивец е официјално пензиониран од клупата за резерви на мечот против Осасуна, каде не ни влезе во игра бидејќи на полувремето доби црвен картон поради навреда кон судијата додека сите одеа кон соблекувалните на пауза. Тој црвен картон всушност ќе нема никаков ефект за Пике, но навивачите на Барселона беа воодушевени од она што му го кажа на судијата Манзано, кој имаше серија дискутабилни одлуки на натпреварот во Памплона.
Но после тоа се појавија шпекулации дека Пике сепак може да игра до крајот на сезоната и тоа за лутиот ривал на каталонскиот клуб – во редовите на лутиот ривал Атлетико Мадрид.
„АС Мадрид“ прв објави дека Атлетико е заинтересиран за Пике и дека му понудиле договор до крајот на сезоната со можност за продолжување на уште една година.
Пике веднаш се огласи по ваквата вест:
– Веќе еднаш кажав дека никогаш нема да носам друг дрес по оној на Барселона. Нема смисла да одам од Барса во редовите на таков ривал како Атлетико. Видов дека сите го пишуваат тоа, но таквата вест ме забавува и се смеам. Немам никаков проблем со тој клуб или со навивачите на Атлетико. Едноставно донесов одлука да не играм повеќе и тоа е тоа. Да сакав да играм, ќе останев во Барселона, потенцираше Жерар.