Полицијата ги пронајде телата на поранешниот ТВ водител Џеси Берд и неговиот партнер Лук Дејвис, кои се убиени од полицаецот Боу Ламар-Кондон, поранешното момче на водителот.
Полицијата соопшти дека Ламар-Кондон претходно им дал информации кои ги довеле до телaтa, пронајденi во рурална област на околу 200 километри југозападно од Сиднеј, изјави началникот на полицијата Карен Веб.
Злосторството наводно било извршено во местото Падингтон, каде бил пронајден куршум што одговарал на службениот пиштол на полицаецот, заедно со значително количество крв и знаци на борба. Телата биле откриени на фарма во градот Бангонија, а полицијата пронашла облека со крв, телефон и кредитни картички во контејнер во Кронала, 28 километри од местото на злосторството.
Ламар-Кондон минатата недела беше обвинет за двојното убиство.