Полицијата во Квинсленд имаше необична интервенција откако момченце успеало да влезе во автомат за играчки.
Станува збор за тригодишниот Итан, кој бил во трговски центар во Бризбејн. Како и секое дете, го привлекувала машината за фаќање играчки, во случајов со Hello Kitty играчки, толку многу што нашол начин да се вовлече во неа, па се нашол заглавен во стаклениот дел.
Итан воопшто не се исплашил во оваа ситуација и изгледало дека одлично се забавува, но му била потребна помош од полицијата за да излезе од автоматот – го скршиле стаклото и го извлекле од машината.
Неговата необична авантура навистина му донела играчка, а на негвоите родители сметка за штетата.